01 / 06
Стаклени системи
Фиксни и отворливи стаклени ѕидови што го затвораат просторот, а го чуваат погледот.
Стаклените системи се најфлексибилен начин да затворите тераса, балкон или излог без да изгубите светлина. Панелите се комбинираат во прави линии или агли и се прилагодуваат на отворот на лице место.
Каде најчесто се користи
- Покриени тераси и балкони
- Фасади на кафулиња и ресторани
- Прегради во канцеларии и изложбени простори


